Еурофарм Работник ќе настапува во Струга и Добој – Слободен печат
РакометСпорт

Еурофарм Работник ќе настапува во Струга и Добој

Екипата на Еурофарм Работник летните подготовки за новата натпреварувачка сезона ќе ги започне во третата недела од месец јули.

Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски ќе прозива во Битола, па веднаш експедицијата на вицешампионот ќе замине за Маврово, каде што ќе ја мине првата фаза.

Брусењето на формата е предвидено преку два традиционални турнири. Еурофарм Работник по третпат во својата историја ќе учествува на турнирот во Струга, а потоа ќе биде дел и од ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Во Струга битолчани ќе играат на средината од август, а веќе следниот месец ќе ги дознаат противниците во својата група. На турнирот во Добој екипата на Алушовски ќе се натпреварува од 20 до 24 август, а деновиве со ждрепка ќе бидат обелоденети групите.

До овој момент Еурофарм Работник го напуштија Кузмановски, Мемиќ и Крстевски, а дојдоа Ратајац, Велковски, Митревски, Маџовски.

Во меѓувреме ги чекаат и ривалите во Лигата на шампионите, ждрепката за извлекување на групите ќе се одржи в четврток (27 јуни) од 18.00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close