Еурофарм Работник го потврди учеството во СЕХА

фото: Еурофарм Работник

Еурофарм денеска на гостински терен во спортската сала „Македонско сонце“ со убедлив резултат 16:30 го совлада тимот на Пролет 62.

Уште по првото полувреме битолскиот клуб покажа зошто ја има фаворитската улога и на пауза замина со осум голови предност (7:15).

Најефикасни на мечот за Еурофарм беа Ѓукиќ со девет голови, по пет имаа Ојлески и Радовиќ, а кај домаќините доминираше Андоновски со шест погодоци.

Покрај Вардар како актуелен шампион, нашата земја во регионалното натпреварување во следната натпреварувачка сезона 2019/2020 ќе ја претставува и Еурофарм Работник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот