Еурофарм Пелистер верува дека може до сензација против Магдебург

фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска со почеток од 20.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ – Битола ќе се одигра првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург од Германија.

Судии на овој меч ќе бидат Шериф Чема и Безфорд Јахја од Косово, а делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Камер Металари од Македонија. Потсетување дека реваншот ќе се одржи на 30 март на теренот на противникот со почеток од 18.45 часот.

Како подготовка за оваа средба, битолчани го совладаа Бутел со 28:23 во рамките од домашната Суперлига, плеј-оф (второ коло).

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ се свесни дека пред себе имаат тежок предизвик и дека Магдебург е во одлична форма. Но, и Еурофарм Пелистер покажа добри игри сезонава и доколку биде на потребното ниво, може да се надева на поволен резултат пред возвратната пресметка.

Бундеслигашот ја има фаворитската улога, и овојпат ќе недостасуваат навивачите на трибините поради пандемијата на коронавирусот, но Бабиќ е оптимист, верува дека и ривалот има свои слабости и дека со ментална агилност може да ги пореметат.

Маркоски: Штета што со Магдебург ќе играме без навивачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот