Еурофарм Пелистер убедливо славеше над Радовиш во Супер лигата

Нови суперлигашки бодови за Еурофарм Пелистер/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Денеска нови бодови во македонскиот шампионат запиша екипата на Еурофарм Пелистер кој како гостин со 21:37 триумфираше над Радовиш. Така, со победа играчите на тренерот Ларс Валтер им го честитаа новиот роденден на верните „Чкембари“.

Најефикасен кај битолчани беше Ненад Костески со осум погодоци, додека Павле Атанасијевиќ, Мирко Радовиќ и Усама Хосни постигнаа по шест. На спротивната страна Јакша Вјештица деветпати се запиша во листата на стрелците.

Во истата група „Б“ Тинекс Пролет како домаќин беше подобар со 32:21 против Јуниор КВ. Во победничките редови доминираше Михаел Тотиќ со седум голови, а кај поразените Никола Митровиќ имаше пет голови.

На табелата по четири кола води Тинекс Пролет со 10 бодови, пред Тиквеш со девет, по седум имаат Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, пет Радовиш, по три Голден Арт и Скопје 2020 и последен е Јуниор КВ со еден бод.

Супер лига (жени), резултати: Деспина – Кузман Вардар 31:22, Гевгелија – Вардар 24:33, ЖРК Скопје – Куманово 27:45 и Пелистер – Чаир 32:27.

Табела, група „А“: Вардар 12 бодови, Шампион 9, Пелистер 7, Чаир 6, Куманово 6, Гевгелија 3, ЖРК Скопје 2, Спартак 1.

Табела, група „Б“: Ѓорче Петров 9 бодови, Овче Поле 9, Стружанка 6, Металург Скопје 6, Астибо 3, Деспина 3, Кузман Вардар 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот