Еурофарм Пелистер сака и втора победа над Татабања

Фото: rkeurofarmpelister.com

Вчера со 21:19 во првиот меѓусебен натпревар во Битола славеше Еурофарм Пелистер, а денеска (17.00 часот) играчите на Жељко Бабиќ ќе се обидат и по вторпат да го совладаат унгарскиот тим на Татабања за нови важни бодови во Лига Европа.

Моментно во групата „Д“ Еурофарм Пелистер е на третата позиција со пет бодови, а Татабања останува единствената екипа без бодови на последното шесто место.

Бабиќ предупредува дека противникот никогаш не се предава, секој меч е посебен.

– Доаѓа нова борба, за секоја топка, за секој метар. Мора да се одмориме малку физички колку што можеме, па пак да тргнеме со една борбена игра кон нова победа – вели хрватскиот тренер.

Како што е веќе познато овој двомеч во салата „Боро Чурлевски“ го водат турските судии Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот