Еурофарм Пелистер немоќен во Скопје, Вардар славеше во дербито

Фото: РК Вардар

Eкипата на Пелистер беше немоќна во денешното дерби против Вардар во ракометната Суперлига. Вардарци славеа победа со 28:24.

Почетните минути од натпреварот донесоа изедначена игра, но Вардар набрзо направи предност од три разлика 6:3. Битолскиот состав имаше проблем со реализација, а црвено-црните знаеа како да го искористат тоа. Пред крајот на полувремето Вардар стигна и до предност од пет разлика 15:10.

Битката продолжи и во второто полувреме, Вардар имаше водство, а гостите се обидуваа да ја намалат негативата. На 15-тина минути до крајот и стигнаа на еден на „минус еден“ (20:21).

Сепак, тука Вардар одново го подигна нивото на игра и до крајот славеше со 28:24.

Марко Срдановиќ беше најефикасниот во Вардар со осум погодоци. Исто толку постигна Филип Кузмановски за Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот