Еурофарм Пелистер на гости кај Кадетен оди по првата победа во Европската лига

Стипе Мандалиниќ се очекува да биде главната опасност по голот на Кадетен/фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) ќе се обидат да дојдат до првата победа сезонава во Европската лига и тоа на гостински терен против Кадетен Шафхаузен.

Противникот е добро познат екипата на Кадетен Шафхаузен против кого играа и минатата сезона во групната фаза. Пред една година, битолчани одиграа 25:25 на домашен терен, додека во Швајцарија загубија со 29:26, но вечерва ќе се обидат да ја поправат сликата не само од минатата сезона, туку и од минатата недела кога загубија од Ним со 21:26.

– Нашиот противник има голема традиција. Тие се силен тим, кој трча многу и игра цврста одбрана. Сигурно дека играме против сериозен противник против кого верувам дека ќе победиме. Одиме во Швајцарија со почит, но тоа е меч на кој можеме да победиме. Немаме многу што да менуваме. Јосип Периќ ќе започне од првата минута. Сè други е горе-долу исто. Мора да одиграме добра одбрана, а ако сакаме победа, мора да бидеме далеку попрецизни во напад – порачува Жељко Бабиќ, тренерот на Е. Пелистер.

Бабиќ на вечерашниот натпревар ќе може да смета на Јосип Периќ кој се опорави од повредата и ќе може да им помогне на соиграчите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот