Еурофарм Пелистер го промовираше египетскиот голман Хендави

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Вчеравечер во Битола пристигна новото засилување, Карим Хендави официјално е новиот голман на Еурофарм Пелистер.

32-годишниот Египќанец ќе се обиде да му помогне на клубот во остварувањето на целите, на натпреварите во Лига Европа, СЕХА Газпром лигата, како и на домашната сцена.

Неодамна ги бранеше боите на својата национална репрезентација на Светското првенство кое се организираше токму во неговата земја, освојувајќи го седмото место.

На клупски план претходно ги бранеше боите на Доброгеа Суд (Романија), Бешикташ (Турција) и Замалек (Египет). Со селекцијата воедно ги освои африканските шампионати во 2016 и 2020 година.

Досега на голманската позиција тренерот на битолската екипа ги има на располагање Благојче Трајкоски и Градимир Чаневски.

Бабиќ: Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот