Еурофарм Пелистер го најави спектаклот: По 18 години се враќа шампионската титула во Битола

фото: РК Еурофарм Пелистер

Натпреварот од домашната Суперлига Еурофарм Пелистер – Тиквеш ќе се одигра в сабота, на 27 мај, од 18.00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Билетите за натпреварот ќе се продаваат почнувајќи од петок, 26 мај, од 15.00 часот на повеќе пунктови пред спортската сала „Боро Чурлевски“.

– Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе ја добиете при купувањето на секој билет. Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот. Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот бесплатно ќе може да ја подигнат шампионската маичка. Ве молиме в сабота попладне најдоцна до 17:30 часот да ги заземете своето место во спортската сала „Боро Чурлевски“ – информираат од РК Еурофарм Пелистер.

По завршувањето на натпреварот, од 20.00 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе започне централната прослава за сите битолчани, во кој е е предвидена богата забавна, музичка и спортска програма. Деталите околу ракометниот хепенинг ќе бидат објавени на денот на натпреварот.

После 18 години шампионската титула во ракомет се враќа во Битола, тоа претставува голем повод за славење. По тој повод РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени подржувачи, в сабота заеднички да се прослави шампионската титула за сезоната 2022/23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот