Еурофарм Пелистер го надигра тимот на Охрид во ракометната Суперлига

фото: РК Еурофарм Пелистер

После поразот во дербито против Вардар 1961, играчите на Александар Јовиќ ја оправдаа фаворитската улога во рамките од шампионатот во Битола против Охрид (32:24).

Во македонскиот ракометен суперлигашки плеј-оф Еурофарм Пелистер им се врати на победите.

Први стрелци со по шест голови во битолската екипа беа Костески и Пешевски со по шест голови.

На спротивната страна за охридскиот состав доминираше Каракоч со седум погодоци.

На табелата Еурофарм Пелистер е второпласиран со 18 бодови, три помалку од водечкиот Вардар 1961, додека Охрид е на осмото место со три.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот