Еурофарм Пелистер 2 се покажа како „тврд орев“ за Металург!

фото: rkmetalurg.mk

Денеска екипата на Металург во домашното првенство триумфираше во „Автокоманда“ со резултат 25:21 против вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Составот на Зоран Кастратовиќ нешто потешко од очекувањата дојде до првите бодови, после првото полувреме ниту една од екипите немаше предност (11:11).

Во вториот дел скопските „сино-бели“ успеаја да го скршат отпорот на гостите кои водеа рамноправна борба.

На семафорот стоеше 16:16, а потоа домаќините направија една клучна серија од 4:1 која беше пресудна за дилемите околу победникот.

Мартин Серафимов беше најрасположен во Металург со седум голови, пет имаше Марко Тарабокиа, а за битолската екипа девет погодоци запиша Јован Талевски, четири помалку Дарио Петровски.

Суперлига, резултати: Металург-Еурофарм Пелистер 2 25:21, Голден Арт КЛ7-Охрид 23:29, Јуниор КВ-Тинекс Пролет 20:26, Работнички-Бутел 23:33, Астраион-Радовиш 34:33, Младост 1977-ГРК Тиквеш 27:25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот