Еурофарм не мирува, новото засилување доаѓа од Словенија

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Работник, го продолжува екипирањето за следната сезона. Битолчани само два дена по комплетирањето на трансферот на македонскиот репрезентативец, Мартин Велковски, денеска го официјализираше трансферот на Анже Ратајац. Словенецот во Битола доаѓа од редовите на австрискиот прволигаш, Ферлах.

Ратајац потпиша двегодишен договор и е прв словенечки ракометар кој ќе настапува за Еурофарм Работник.

Словенецот е четврто ново има во таборот на вицешампионот по Маџовски, Митревски и Велковски. Подготовките за новата сезона Еурофарм Работник ќе ги започне во третата недела од месец јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот