Еурофарм ќе настапи на Турнирот на шампионите

фото: Еурофарм Работник

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник ќе учествува на традиционалниот „ТВ турнир на шампионите“ кој се одржува во Добој, БиХ.

Ова ќе биде премиерен настап на битолскиот тим на турнирот во Добој, а покрај Еурофарм, ќе настапат уште и францускиот Шартр, Криенс од Швајцарија, Извиѓач од Бих), словачкиот Татран Прешов, Војводина, домаќинот Слога и Пекинг Спорт Универзитет кој идната сезона ќе настапува и во СЕХА Лигата. Турнирот ќе се одржи од 20 до 24 август.

Покрај турнирот во Добој, македонскиот вицешампион, ќе биде дел и од уште еден традиционален турнир, Струшкиот турнир кој ќе претставува генерална проба пред стартот на новата сезона. Битолскиот тим аплицираше за вајл карта за настап во Лигата на шампионите, а доколку не биде избран, ќе настапува во ЕХФ Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот