Еурофарм го „крои“ тимот за ЛШ, потпиша и Вегар

фото: Еурофарм Работник

Со договор на една година ќе ги брани боите на Еурофарм Работник кој ќе го има дебитантскиот настап во Лигата на шампионите.

Левиот бек лани настапуваше за романската Стеауа, потоа четири години во Нексе, а три во босанскиот Извиѓач Љубушки. Битолскиот клуб полека, но сигурно го „крои“ составот за настапот во ЛШ, претходно пристигна словенечкиот среден бек Анже Ратајац.

Имаше серија на репрезентативни засилувања како Мартин Велковски, Бојан Маџовски и Никола Митревски, а се збогуваа со Мемиќ, Крстевски и Филип Кузмановски кој се пресели во германскиот Магдебург.

По пауза од 14 години Лигата на шампионите се враќа во ракометна Битола, потсетување дека ждрепката одлучи Еурофарм Работник да се најде во групата Ц со Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бидасоа Ирун и Спортинг.

Целиот распоред на Еурофарм Работник во групната фаза на ЛШ можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот