Еуро Никел и Пелистер во полуфиналето

фото: КФСМ

Екипите на Еуро Никел и Пелистер ќе играат во полуфиналето од плеј-офот за титулата во кошаркарскиот шампионат откако во два натпревари ги решија дилемите во четвртфиналето.
Кошаркарите на Еуро Никел први обезбедија пласман во полуфиналето откако по втор пат го совладаа Гостивар, овој пат со 74:68.

Во првото полувреме и двете екипи имаа свои моменти, првата четвртина им припадна на гостите со 19:12, додека во втората подобар беше Гостивар со 22:15. Третата четвртина помина во израмнета игра, за победникот да биде одлучен во последната четвртина. Еуро Никел направи серија од 7:0 и поведе со 62:55 по што предноста не ја испушти до крајот.
Данило Мијатовиќ беше најпрецизен во победничкиот тим со 18 поени додека Караколев и Соколов постигнаа по 14 поени. Во редовите на Гостивар, најдобар беше Александар Костоски со 15 поени.

Пласман во полуфиналето на далеку поубедлив начин обезбеди најдобриот тим од регуларниот дел, Пелистер кој славеше со високи 87:45 против Навико Академија ФМП.  Победникот беше решен уште во првото полувреме, тимот од Кисела Вода постигна само пет поени во првата четвртина, додека предноста на полувремето изнесуваше 20 поени (21:41) по што единствена дилема до крајот беше со колкава разлика ќе слави Пелистер.
Никола Силаџи со 14 поени и 7 скока го предводеше Пелистер, еден помалку додаде Калахан, додека кај домашниот тим Димитиевски беше еднинствениот кој постигна двоцифрен број на поени (10 поени).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот