Еуфорија во Приштина: Косово ита кон ЕУРО 2020! (ВИДЕО)
Иако тајно посакуваме против нив да играме во полуфиналето на Лигата на нации, нели како „лесен“ противник на патот до наредното Европско првенство, можно и да не се соочиме против Косово во март наредната 2020 година.
На денешниот дуел на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина, најпрвин во позитива од 16 минута беа Чесите со погодокот на Патрик Шик.
https://twitter.com/kloppoynwa/status/1170342761079431168
Но, само четири минути подоцна следуваше израмнување кога Ведат Муриќи после асистенцијата на Рашани реализираше за 1:1.
Во второто полувреме се случи пресвртот на домаќините благодарение на Војвода во 67 минута од средбата за голема радост на трибините.
Сега Косово после четири одиграни натпревари има осум бодови и се наоѓа на првото место во својата квалификациска група А пред Англија која има шест, но да потсетиме англиските репрезентативци имаат два мечеви помалку. Чесите се третопласирани со шест бодови од четири одиграни средби.