Еуфорија во домот на Цеца: Смислено е и име за бебето!

Instagram

Наследникот на најголемата балканска ѕвезда, Вељко Ражнатовиќ и неговата девојка Богдана Родиќ, се пресреќни откако дознаа дека за седум месеци ќе станат родители.

„Останав без зборови кога се потврди дека Богдана е бремена. Мечтаев за овој ден, не ја тргам насмевката од лицето. Многу убави работи доживеав за овие 22 години, но ова е најубавото чувство досега. Откако ги дознавме убавите вести, Богдана и јас сјаеме од среќа. Едвај чекаме бебенцето да ни се насмевне, изјави Жељко за српските медиуми, а Богдана додаде:

„Ќе станам мајка! Има ли нешто поубаво од тоа? Бебето ќе биде круна на нашата љубов, која секој ден е сè посилна.

„Во домот на Цеца владее еуфорија. Со оглед што во семејството Ражнатовиќ се почитува традицијата, ако биде момче, можно е да се вика Жељко, по покојниот татко на Вељко“, раскажува извор близок до семејството.

„Ако биде машко, ќе се вика Жељко“, рече Вељко за српски Телеграф и додаде дека е ова само почеток и тој и Богдана ќе одат барем до пет деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот