ЕУ за уште една година ги продолжи санкциите против режимот на Асад во Сирија

Фото: EPA-EFE/SANA

Европската унија денеска донесе одлука за уште една година да ги продолжи санкциите кон сирискиот режим на претседателот Башар ал Асад, пренесува Анадолија.

Поради постојаниот притисок од страна на режимот на Асад и неговите приврзаници врз цивилното население во Сирија, Советот на ЕУ денеска соопшти дека е донесена одлука за продолжување на ограничувачките мерки до 1 јуни 2022 година

Во соопштението се наведува дека најмалку 283 лица се наоѓаат на списокот со санкции на ЕУ заради нивното учество во насилства врз жители на Сирија.

На овие луѓе им е забрането да патуваат, а нивниот имот е замрзнат. На списокот со санкции на ЕУ има и 70 сириски институции. Средствата на овие институции, вклучително и Централната банка на Сирија, исто така, се замрзнати.

Санкциите на ЕУ против Сирија вклучуваат ограничување на вложувањата, спречување на извозот на техничка опрема и технологија што може да се искористи за притисок врз јавноста, како и ембарго на извозот на нафта. Санкциите не се однесуваат на испраќањето хуманитарна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот