ЕУ воведе санкции против Белорусија

Лидерите на ЕУ ги повикаа сите авиокомпании со седиште во ЕУ да избегнуваат летање над Белорусија и одлучија да воведат санкции за официјални лица вклучени во пренасочување на летовите.

Европската унија ќе воведе санкции кон Белорусија поради апсење на опозициски активист. Според санкциите, се забранува за употреба на воздушниот простор и аеродромите на ЕУ за белоруските авиокомпании.

Белоруските власти пренасочија ирски патнички авион кон Минск, наводно поради закана со бомба, и го уапсија опозицискиот активист и новинар, 26-годишниот Роман Проташевиќ и неговата девојка.

Проташевиќ е ко-основач на каналот во апликацијата Телеграм, што е клучно за размена на информации меѓу противниците на претседателот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Лидерите на ЕУ ги повикаа сите авиокомпании со седиште во ЕУ да избегнуваат летање над Белорусија и одлучија да воведат санкции за официјални лица вклучени во пренасочување на летовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот