ЕУ во јули нотира најголем број баратели на азил од почетокот на пандемијата

Знамиња на ЕУ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Во Европската унија, Норвешка и Швацјарија во јули биле поднесени околу 45.000 барања за азил, што е најголем број на барања од почетокот на пандемијата со коронавирусот, јави ДПА.

Овие, засега, прелиминарни бројки денеска ги објави Европската канцеларија за поддршка на азилантите (ЕАСО), која посочи дека еден месец претходно, во јуни, за статусот азилант аплицирале околу 40.600 лица.

Агенцијата, чие седиште е на Малта, пресмета дека има зголемени апликации, особено од државјани на Авганистан. Еден месец пред земјата да падне под радикалните талибанци и драматичните недели на евакуација, од оваа земја имаше околу 7.300 апликации, а во јуни 6.000 Авганистанци поднеле барање за азил во ЕУ, Норвешка и Швајцарија.

Од приближно 45.000 баратели на азил, 2.200 биле малолетници без придружба, а од нив дури 1.200 доаѓале од Авганистан. Пријавите од малолетници без придружба не се регистрирани во таков обем од ноември 2016 година, додава ДПА.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот