ЕУ во декември ќе одлучува за идните односи со Турција

ЕУ ќе донесе одлука за иднината на односите со Турција на состанокот на лидерите на 10 и 11 декември, соопшти Европската комисија.

– Сите опции се подготвени и се на маса. Ја чекаме одлуката на лидерите на ЕУ 27, која првенствено ќе се заснова на постапките и пораките на Турција, изјави портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Тој посочи дека, според задачата што ја добила од лидерите на ЕУ, Службата за надворешна политика на ЕУ разгледала планови за неколку опции, кои вклучуваат „позитивна агенда” и организација на конференции за ситуацијата во регионот на Источен Медитеран.

ЕУ порача дека тие се обидуваат да „дадат шанса” на дијалогот со Турција, но исто така оценуваат дека постои „растечка фрустрација поради однесувањето на Турција”.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел летоска соопшти дека доколку нема напредок во разговорите со Турција, ЕУ ќе разгледа дополнителни рестриктивни мерки против Анкара.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот