ЕУ со санкции за руски функционери за хакерскиот напад на Бундестагот во 2015 година

ФОТО : Архива

Европската унија (ЕУ) воведе санкции за шефот на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), Игор Костјуков и некои други руски граѓани обвинети за хакерски напад врз германскиот парламент во 2015 година, во кој беа украдени електронските пораки на канцеларката Ангела Меркел.

Русија ги негираше обвинувањата.

Покрај Костјуков, со санкциите на ЕУ се опфатени и Дмитриј Бадин, обвинет за организирање хакерски напад, како и припадници на специјалната единица ГРУ позната како 85. Главен центар, кој го извршил нападот.

– Значајна количина на податоци беа украдени, а налозите за е-пошта на неколку пратеници, како и на канцеларката Ангела Меркел, беа загрозени”, се вели во Службениот весник на ЕУ.

Во уредбата се посочува дека Костјуков бил одговорен за нападот врз информацискиот систем на германскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот