ЕУ со предупредување до членките: Постои ризик од недостиг на опрема за масовна вакцинација против Ковид-19

Европската унија ги предупреди државите членки за ризик од недостиг на шприцови, марамчиња и заштитна опрема што е потребна за потенцијална масовна вакцинација против Ковид-19 и ги повика да размислат за организирање заедничка набавка, се вели во документ на ЕУ.

Европскиот блок исто така побара од владите на ЕУ заеднички да размислат за купување повеќе вакцини против грип и зголемување на бројот на вакцинирани лица со цел да се намали ризикот од истовремена појава на грип и Ковид-19 наесен.

Шприцовите и другите предмети може да недостигаат бидејќи се развиваат вакцини за „Ковид-19″, им порача Европската комисија на здравствените експерти од европските земји на состанокот минатата недела, се вели во резимето на извештајот објавено на веб-страницата.

Може да има недостиг, предупреди ЕК, прашувајќи ги владите колку имаат резерви на шприцови, марамчиња, алкохол и опрема за лична заштита, како што се маски.

ЕК апелираше до земјите на ЕУ да размислат за организирање заедничка набавка, а претставниците на Италија и Холандија изразија интерес, се додава во документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот