ЕУ СО ПОДДРШКА ЗА АЛБАНИЈА: Мобилизирани три спасувачки тимови за справување со последиците од земјотресот

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Три спасувачки тимови од Европската унија веќе ги мобилизира Брисел по земјотресот во Албанија.

Од Канцеларијата на ЕУ во Тирана соопштија дека е мобилизиран Европски механизам за цивилна заштита за помош на Албанија во справување со последиците од силниот земјотрес. Тие нагласуваат дека се достапни и дополнителни средства од ЕУ.

„Тимови од Италија, Грција и Романија веќе се во Албанија, а помош понудија и Унгарија, Германија, Хрватска, Франција, Естонија и Чешка”, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот