ЕУ со нова надеж за вакцини за земјите од Западен Балкан

европски парламент европа знамиња европски знамиња на европа
Знамиња на земјите-членки на ЕУ / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, од Европскиот Парламент денеска најави дека ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра во грантови за земјите од Западен Балкан за да набават вакцини од ЕУ.

Комесарката задолжена за здравство во ЕУ утрово пред европратениците реферираше за состојбата со вакцинацијата во ЕУ, но и во третите земји партнери на ЕУ со понизок приход, меѓу кои и западнобалканските.

Кириакидес изјави дека преку Ковакс, глобалниот механизам за набавка на вакцини, каде ЕУ е најголем донатор, ЕУ ќе им помогне на земјите од Западен Балкан да се вакцинираат приоритетни групи како што се здравствените работници и ранливите лица.

-Ќе обезбедиме грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за да можат да купат вакцини од земјите членки на ЕУ. Работиме и со Светската здравствена организација да обезбеди веднаш поддршка од 50 милиони евра за вакцинска подготвеност на Западен Балкан и во земјите од соседството, изјави еврокомесарката за здравство.

Прашањето за снабдување со вакцини на земјите од Западен Балкан на највисоко ниво, го покренал алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис за време на Советот за општи прашања на ЕУ, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

-Од особена важност е успесите на ЕУ да ги споделиме со нашите пријатели и соседи, а особено со оние земји кои ја имаат изразено намерата во иднина да дојдат со нас, рекол Варвициотис.

Паралелно, на состанокот го претставил и грчкиот предлог за заеднички европски сертификат за вакцинација, истакнувајќи дека од моментот кога постои „заедничка европска вакцинација, треба да постои и заеднички европски сертификат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот