ЕУ сака да престане со употреба на животни во научни експерименти

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Иновативни решенија постојат и промената мора да се забрза затоа што живите суштества не смеат да страдаат, се согласија европратениците, дискутирајќи за алтернативни научни истражувања кои не вклучуваат животни.

Пред скоро три децении, Европската унија се обврза да го замени и намали бројот на животни што се користат за научни цели, но промените се одвиваат многу бавно.

Со оглед на зелената агенда на Европа, здравствените и еколошките предизвици и зголемената загриженост на јавноста за употребата на животни во експериментите, важно е ЕУ да го забрза преминот од застарен модел во модерна наука, велат европратениците.

На пленарната сесија минатата недела, тие разговараа за плановите и мерките за забрзување на транзицијата кон иновации без животни во истражувањето, регулаторното тестирање и образованието, за кои ќе се гласа во септември.

– Некои животни ги покажуваат истите симптоми (како луѓето), зошто да не ги користите нивните клетки и да ги подложувате на тестови на кои подлежиме и човечки клетки? предложи европратеничката Гутеланд.

Развој на иновативни методи

Елеонора Еви изјави дека 50 милиони животни се користат за научни цели во Европа секоја година.

„Но, тоа не е само етичко прашање. На овој начин, ние не го искористуваме потенцијалот на иновативна човечка база на методологија, која веќе покажува конкретен напредок во лекувањето на болести како рак и Алцхајмерова болест каде што традиционалните методи не успеаја”, додаде таа .

Каталин Чех вели дека седум од 10 возрасни Европејци сметаат дека замена на сите видови тестирања треба да биде приоритет на Европската унија.

– Да се ​​наметне и да се предизвика болка и страдање, нема место за тоа во 21 век, рече Чех.

Застапниците на правата на животните предупредуваат дека животните не можат да опишат како се чувствуваат и дека голем број на лекови одобрени за човечка употреба врз основа на тестирање врз животни требало одамна да бидат повлечени од пазарот поради несакани ефекти кои не биле откриени кај животни.

Има директива, но нема стратегија

Во март 2009 година, Европската унија забрани пласирање на пазарот на козметички производи кои содржат состојки тестирани на животни. Четири години подоцна, забрани други козметички супстанции тестирани на животни.

Но, Јадвига Вижниевска рече дека нема стратегија за замена на животните со алтернативни методи.

Адина-Јоана Волјан од Европската комисија уверува дека Комисијата е подготвена да го поддржи развојот на алтернативи преку финансирање на истражување. ЕУ сака земјите-членки да бидат целосно транспарентни кога станува збор за употребата на животни во науката, додаде таа.

Со цел да се обезбеди подобро разбирање за тоа каде и како се користат животните, членовите на Унијата мора секоја година да собираат и објавуваат статистички податоци за употребата на животни во постапките, вклучително и информации за реалната сериозност на постапките и за потеклото и видовите на примати кои се користат во процедурите.

Одговорност кон сите суштества

Бројот на експерименти со животни е само малку намален во последните 30 години, а кај многу членови бројот е уште поголем, рече Ања Хазекамп. Таа потсети на тајната снимка на германски истражувачки новинар, која покажува злоупотреба на животни, истражување на животни без анестетици и тепање.

„Кога зборуваме за употреба на животни во научни цели, секогаш ја имам истата слика пред мене, тоа е слика на мајмун со врзани раце и гледајќи во камерата. Ги гледаме страдањата во неговите очи, како да прашуваат – зошто? “, додаде Керолајн Рус (Вертс). / АЛЕ.

Љубителите на животни веруваат дека најголемата суровост што луѓето ја прават врз животните при научните истражувања е нивно отстранување од природното живеалиште или размножување во заробеништво. Тие се убедени дека моралот на општеството се мери според начинот на кој луѓето се однесуваат кон животните.

Студиите врз животни во минатото даваа точни одговори на општите прашања во врска со живиот организам, но денес научниците се занимаваат со истражување на ниво каде што еден вид се разликува од другиот, имено на клеточно и молекуларно ниво, потсетуваат поборниците за правата на животните.

Крајната цел на Унијата е да престане со експерименти врз животни со замена на тие експерименти со алтернативни пристапи. Сепак, со оглед на постојните научни сознанија, замена на сите експерименти врз животни сè уште не е изводлива.

Затоа, законодавството се обидува да осигури дека состојбата на живите суштества што сè уште се користат за експерименти се подобрува и е во согласност со правилото дека таквите експерименти мора да бидат заменети, намалени и подобрени секогаш кога е можно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот