ЕУ: Руските банки не можат да се вратат во СВИФТсистемот

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

ЕУ: Руските банки не можат да се вратат во СВИФТсистемот

Европската унија не планира повторно да ги вклучи руските банки во системот СВИФТ, а тоа важи и за „Росељхозбанка“, изјави денеска портпаролот на ЕУ Петер Стано за време на дискусијата за договорот за жито. Тој потсети дека руските банки се исклучени од СВИФТ како дел од меѓународните санкции и посочи дека тие ќе бидат ублажени или укинати дури по завршувањето на војната во Украина, пренесува Спутник. Обединетите нации работат на обезбедување операции со „Росељхозбанк“ и постои можност трансакциите да се вршат надвор од платниот систем СВИФТ, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Ѓужарик, пренесува Данас.рс.

„Ќе продолжиме да правиме се што е можно за да обезбедиме испораки и операции преку „Росељхозбанка“, а постои можност сите трансакции да се вршат надвор од системот СВИФТ“, рече Ѓужарик. Очигледно е, додаде тој, дека сè ќе биде полесно со СВИФТ, но ние ќе продолжиме да работиме со сите наши соработници, вклучително и ЕУ, Велика Британија, САД, Русија и други, за да обезбедиме испорака на украинско жито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот