ЕУ привремено ги укина царините за украинските производи

ЕУ Брисел/ Фото: МИА

Советот на ЕУ, кој ги застапува 27 земји членки, одобри укинување на царината на увоз од Украина на една година, за да му помогне на стопанството на земјата на која Русија изврши воена агресија.

Оваа мерка ја предложи Европската комисија на 27 април, а Европскиот парламент ја одобри на 19 мај. Одлуката сега е потврдена од Советот и ќе стапи на сила еден ден по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, стои во зивестувањето.

„Со укинувањето на царините ќе се олесни трговската размена со Украина, по руската агресија и ќе се помогне нејзиното стопанство“, изрази задоволство потпретседателот на Комисијата, Валдис Дамбровскис.

Билатералната трговска размена меѓу ЕУ и Украина минатата година изнесуваше 52 милијарди евра, соопшти европското извршно тело.

Бруто домашниот производ (БДП) на Украина се очекува да падне за 35 отсто оваа година, според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена на 19 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот