ЕУ прифати продолжување на преговорите со Британија за Брегзит

Фото: Profimedia

Од ЕУ денеска соопштија дека преговорачите од двете страни се подготвени и согласни да продолжат со разговорите со цел изнаоѓање на адекватно решение за Брегзит.

Европската Унија денеска соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите за надминување на кризата за Брегзит.

ЕУ соопшти дека техничките разговори се фокусирале на првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија.

ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може да продолжи да ја минува лесно границата со Ирска без скапи и долги проверки.

Европската комисија соопшти дека останува отворена да ги преиспита сите предлози за избегнување на тврда граница меѓу Ирска и Северна Ирска, што е предлог кој Велика Британија сака да го отстрани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот