ЕУ предупредува за раст на антисемитизмот

Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно усвоија декларацијаво која изразуваат загриженост поради пораст на антисемитизмот.

Во декларацијата се наведува дека е многу загрижувачки растот на закани против Евреите во Европа, посебно повторното појавување на конспирациски митови, јавно изразување на антисемитизам, посбено во контекст на пандемијата со Ковид-19, како и пораст на антисемитски инциденти и злосторства од омраза.

Во документот се истакнува дека борбата против антисемитизмоттреба да се решава на повеќе нивоа на власта – локално, национално и европско.

– Секој облик на антисемитизам, нетолеранција или расна омраза е неспоив со вредностите и целите на ЕУ и нејзините членки, се наведува во декларацијата и се додава дека земјите-членки на ЕУ мора да jа гарантираат безбедност на еврејските заедници и институции.

– Европа цврсто стои против сите облици на антисемитизам. Евреите се и секогаш ќе бидат дел од европските држави и нашиот начин на живот. Обврските што денеска ги презедоа земјите-членки се уште една потврда на тој факт, изјави потпретседателот на Комисијата за унапредување на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот