ЕУ предупредува по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Дрон/ Фото: ЕПА

Нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко” во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност, соопшти Европската унија.

– Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог, стои во соопштението во кое се изразува жалење кон саудиските власти и народ.

ЕУ укажува дека е многу важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин”.

– Во исто време Европската унија го повторува својот повик за максимална воздржаност и дескалација, се додава во соопштението потпишано од портпаролката Маја Коцијанчиќ.

Нападот на двете нафтени постројки во Саудиска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија. Одговорност за нападот преземаа јеменските шиитски бунтовници Хути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот