ЕУ предупредува дека претстои тешка сезона на грип

Вакцинација за сезонски грип / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Постарите луѓе во Европа би можеле да се соочат со тешка сезона на грип, која, кога ќе се додаде на тековната пандемија на коронавирусот, има потенцијал да ги оптовари здравствените системи на ЕУ, предупредува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Европската агенција соопшти дека циркулацијата на грипот во Хрватска веќе го надминала сезонскиот праг, што е „невообичаено рано”, пренесува „Политико”.

Во меѓувреме, сојот на грип кој најмногу циркулира оваа година, А(H3N2), повеќе ги погодува постарите луѓе и е поврзан со намалената ефикасност на вакцината против грип.

Раното откривање на овој подтип е „показател дека претстојната сезона на грип може да биде тешка”, рече шефот на програмата за грип на ЕЦДЦ Паси Пентинен.

– Наглиот пораст на инфекциите со грип за време на тековната пандемија на Ковид-19 може да има сериозни последици за постарите лица и може дополнително да ги оптовари здравствените системи кои веќе се оптоварени од Ковид-19, додаде Пентинен.

ЕЦДЦ забележа дека ограничувањата поврзани со пандемијата за време на минатогодишната сезона на грип речиси го елиминираа ширењето на болеста во Унијата, што укажува на тоа дека мерките како што се маските и дистанцирањето биле ефикасни против грипот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот