ЕУ: Правната постапка против Британија ќе продолжи,
Европската унија соопшти дека ќе продолжи правната постапка против Велика Британија поради последната еднострана акција во Северна Ирска, нагласувајќи дека се прифатливи само заеднички договорените решенија околу прашањето за трговија.
Потпретседателот на ЕК, Марош Шефчович го прими вчера британскиот преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост, на кого му порача дека само договорите на заедничките тела, формирани во рамки на договорот за излез од Унијата, можат да обезбедат стабилност во Северна Ирска.
– Потпретседателот инсистираше на меѓусебно договорените цели кон целосно почитување на Протоколот, кој вклучува и јасни завршни точки, рокови, пресвртници и алатки за мерење на напредокот, се наведува во соопштението на ЕУ.
Шефчович додаде дека правната постапка против Британија ќе „продолжи се додека биде неопходно”.