ЕУ: Потребна е подобра координација на мерките за борба против ширењето на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Берош изрази задоволство што состанокот беше организиран во краток рок, нагласувајќи дека тој го смета за успех на хрватската дипломатија.

Министрите за здравство од 27 земји-членки на Европска Унија денеска во Брисел ја истакнаа потребата за подобра координација на мерките за борба против ширењето на коронавирусот и укажаа на можните проблеми во набавката на лекови и медицинска опрема од Кина.

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, денеска закажа вонреден состанок на министрите за здравство од сите земји-членки за да се координира одговорот за заканата од короновирусот.

– Европа размислува, Европа се подготвува и Европа е внимателна. Ние не тврдиме дека сме апсолутно безбедни, но внимателни сме, рече министерот Берош по состанокот со кој претседаваше.

Берош изрази задоволство што состанокот беше организиран во краток рок, нагласувајќи дека тој го смета за успех на хрватската дипломатија.

На крајот на состанокот, министрите едногласно усвоија заклучоци со кои се поздравува „ефикасниот одговор на ЕУ на предизвиците што произлегуваат од појавата на коронавирусот и ги повикуваат земјите-членки да ги преземат неопходните мерки за зајакнување на соработката”.

Тие, исто така, ја повикува Европската комисија да ги испита начините за олеснување на пристапот на земјите-членки до лична заштитна опрема и да ги процени последиците од глобалните здравствени закани врз достапноста на лекови во рамките на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот