ЕУ постигна договор: Купува 300 милиони дози вакцина од Велика Британија

Европската комисија соопштила денеска дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за купување на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19.

АстраЗенека / Фото: EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Извршното тело на ЕУ, кое преговара во име на 27-те членки на блокот соопшти дека договорот ја опфаќа опцијата за купување на додатни 100 милиони дози доколку е потврдено дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Претходно американската компанија „Новавакс“ соопшти дека Велика Британија од нејзе ќе купи 60 милиони дози на потенцијална вакцина против Ковид-19.

Компанијата и британската Влада ќе соработуваат во третата фаза на клиничкото испитување за да се процени ефикасноста на вакцината кај британската популација, се наведува во соопштението.

Не се објавени финансиските детали од договорот. Ќе биде објавена студија на околу 9.000 возрасни лица од 18 до 85 години.

Кои вакцини ги купува ЕУ? Европа преговара со повеќе компании, оваа вакцина има најмногу изгледи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот