ВИДЕО | Андоновиќ: ЕУ подлегна на „уцената на Путин“, Германија возврати: Играта околу гасот станува се повалкана

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Мигрантската криза во Источна Европа станува се понапната, а односите на ЕУ со Белорусија и Русија стануваат подраматични. Според податоците на Фронтекс, во првите 10 месеци од 2020 година на територијата на ЕУ упаднале околу 135.000 мигранти.

Бидејќи и по две рунди на разговори, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел не успеа да го „убеди“ Владимир Путин да влијае врз белорускиот режим во врска со трансферот на мигрантите на надворешните граници на ЕУ, таа беше принудена да оствари контакт со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Путин и Лукашенко ја постигнаа целта – ЕУ која не го признава легитимитетот на белорускиот претседател е принудена директно да комуницира со него, што се толкува како прв чекор кон признавањето на Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, велат експертите.

Бундестагот донесе резолуција за непризнавање на резултатите од претседателските избори во Белорусија поради наводна кражба на гласови во корист на Лукашенко. Но, Лукашенко доби на важност, а ЕУ повторно покажа одредена слабост, бидејќи се согласи на рутинската уцена Москва-Минск, иако Брисел во моментов подготвува ригорозни санкции, пишуваат светските медиуми.

Сепак, Берлин брзо возврати ,задавајќи и голем удар на Москва – привремено беше суспендирано издавањето на употребна дозвола за гасоводот Северен тек 2, што предизвика прилично незадоволство во Москва. Московската берза веднаш реагираше и акциите на Гаспром паднаа за нешто помалку од два отсто, додека пак цената на бензинот на светскиот пазар порасна за 10 отсто. Германците ја образложија одлуката дека изградбата мора да се реорганизира во согласност со германските закони.

Според познавачите на состојбите, очигледно е дека сите сега играат валкано и без ракавици, со сите расположливи средства.

За потсетување, Полска, како и земјите од ЕУ, тврдат дека Лукашенко намерно дозволува влез на мигранти во таа земја членка на Унијата. Од друга страна, официјален Минск го демантира тоа и посочува дека нема ресурси да го контролира ваквиот прилив на мигранти. Лукашенко дури им предложи на европјаните дека може да ги превезе мигрантите од Белорусија во Германија за да се избегне понатамошна ескалација на кризата, но овој предлог на Лукашенко беше одбиен од страна на Берлин .

Полска и Литванија, кои се најпогодени од мигрансткиот бран , најавија дека нема да примаат бегалци кои имаат важечки белоруски туристички визи.

„Тие се туристи, а не мигранти кои пристигнуваат од земјата во криза, па не можеме да им обезбедиме азил“, велат властите во Варшава и во Вилнус.

Проследете ја анализата во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот