ЕУ почнува со програма за „втора генерација“ вакцини против ковид-19

Урсула Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската унија ќе почне програма за проучување на новите видови на коронавирусот и производство на вакцини од „втора генерација” против идни мутации, соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, јави МИА. 

Програмата „ХЕРА инкубатор”, што се очекува да почне денеска, ќе ги обедини фармацевтската индустрија, лабораториите, здравствените власти и истражувачите, изјави Фон дер Лајен за францускиот дневен весник Лес Ехос.

„Вирусот се развива и ќе продолжи да мутира. Важно е да се подготвиме за мутациите“, рече таа.

Од земјите-членки ќе биде побарано да придонесат со дополнително финансирање, со цел ЕУ може да ги адаптира и промени договорите потпишани со фармацевтски компании и да обезбеди дози против идните мутации, јави Блумберг

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот