ЕУ по примерот на САД работи на создавање на „Закон Магнитски”

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

Европската унија почна да работи на создавање режим на санкции во областа на човековите права, слично на „Законот Магнитски” во САД, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозел Борел по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата.

– По барање на повеќе држави се согласимве да започнеме со создавање на глобален режим на санкции во врска со човековите права, кој ќе биде сличен на „Законот Магнитски” во САД, истакна Борел.

На новинарско прашање дали некои земји биле против таков режим, тој одговори дека „доколку една држава се спротивставеше, ние немаше да одлучиме да го започнеме процесот. Таа одлука е едногласна, имаме силен консензус”.

Борел нагласи дека ЕУ веќе има слични режими на санкции, на пример против лица кои се одговорни за користење или ширење на хемиско оружје.

– Постоењето на истиот инструмент ќе ни дозволи да реагираме на сериозни прекршувања на човековите права, додаде шефот на европската дипломатија.

„Законот Магнитски” е усвоен од Конгресот на САД и потпишан од поранешниот претседател Барак Обама во декември 2012 година. Законот предвидува воведување еднострани санкции против руски претставници, кои се виновни од гледна точка на САД за нарушување на човековите права во татковината. Во декември 2016 година Сенатот усвои предлог закон, со кој се предвидува можност за проширување на „Законот Магнитски” за други земји, а не само за Русија.

Набрзо такви закони се донесени и во Канада, Литванија, Летонија и Естонија, а соодветни предлог акти се разгледуваат во уште неколку држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот