ЕУ планира да купи најмалку 300 милиони дози од потенцијалната вакцина од Британија

АстраЗенека / Фото: EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Денеска постигнатиот договор следуваше после оној начелно постигнат со Астра Зенека во јуни.

Европската унија објави дека договорија купување на најмалку 300 милиони дози потенцијална вакција против коронавирус од компанијта АстраЗенека.

Тоа е прво такво економско купување на вакцина договорена однапред, што би можело да ги поткопа плановите на Светската здравствена организација (СЗО) за глобален пристап.

Европската комисија, која преговара во име на сите 27 членки, објави дека договорот вклучуца опција за купување на уште 100 милиони дополнителни дози од таа британска компанија ако се покаже дека нивната вакцина е безбедна и ефикасна.

Европските билатералани договори ги одразува потезите на САД и другите богати земји од кои некои се критични според иницијативата на СЗО.

Денеска постигнатиот договор следуваше после оној начелно постигнат со Астра Зенека во јуни.

Комисијата објави дека целта на нејзиниот нов договор е финансирање на дел од трошоците за производство на вакцината.

Брисел рече и дека изминатите два дена преговарале и со компаниите Џонсон и Џонсон и Санофи, а во јули објави дека разговара со Фајзер, Модерна и КјурВак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот