ЕУ планира четирикратно да го зголеми производството на микрочипови

Чипови
Чипови / Фото: EPA/YONHAP

Европската комисија наскоро ќе го претстави планот за четирикратно зголемување на производството на електронски чипови во Европа до 2030 година, а тоа ќе биде една од главните иницијативи на европската индустрија, клучна и од геополитичка гледна точка.

– Ние сакаме да достигнеме 20 отсто од светското производство до 2030 година, знаејќи дека дотогаш пазарот треба двојно да се зголеми. Затоа, потребно е Европа сопственото производство да го помножи со четири, изјави еврокомесарот за внатрешна трговија Тиери Бретон.

Глобалната економија сега се соочува со недостиг на полупроводници, додека побарувачката е зголемена поради се поголемата дигитализација.

– Новиот проект наречен „Чипс акт” делумно ќе биде финансиран од европските фондови, нагласи Бретон.

Според него, „помошта нема да биде доделена само за финансирање на зголемувањето на сегашните производни линии за да се справиме со сегашниот недостиг, туку и ќе ги поддржи иновациите и производството на чипови од новата генерација”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот