ЕУ оптимист за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека во претходните две недели имал интензивни разговори за дијалогот и дека очекува следната недела да биде полна со закажани состаноци и официјални мисии.

„Новото раководство на ЕУ конечно стапи на должност, Косово имаше грозоморен терористички напад чија цел беше критична инфраструктура – чин што силно го осудувам – а дипломатскиот свет се подготвува за својот вообичаен спринт до крајот на годината“, напиша Лајчак денеска на Фејсбук, во осврт за експлозијата кај Зубин Поток, во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенац.

Лајчак нагласи дека е важно да се види дека во првата недела по преземањето на функцијата, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, високата претставничка Каја Калас и комесарката за проширување Марта Кос се сретнаа со лидерите на Западен Балкан и „испратија јасен сигнал дека проширувањето на ЕУ е нивен приоритет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот