ЕУ одобри нов лек против различни видови на рак

лекови

Европската унија одобри нов вид на револуционерни лекови кои третираат различни видови на тумори.

Употребата на нова „револуционерна“ класа лекови со која можат да се третираат разни видови тумори за првпат беше одобрена во Европа.

Овој агностичен лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“ и двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите пациенти кои имале корист од него.

– Знаевме дека нашите опции се ограничени и затоа се решивме да пробаме и мило ми е што направивме така. Имавме можност да видиме како Шарлот расте и заздравува со голема брзина. Таа сега може да има релативно нормален живот и најважно од сѐ, лекот имаше неверојатен ефект на туморот – изјави нејзината мајка Естер.

Туморот кај Шарлот бил предизвикан од генетска абнормалност позната како фузија на гени и таа не е својствена само за еден тип рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот