ЕУ одобри израелски тест за коронавирус, резултати за само 20 секунди

Земање брис / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Израелската компанија Њусајт денеска соопшти дека добила одобрување од ЕУ за својот брз тест за коронавирус, кој треба да помогне за побезбедно патување. Резултатите од супер брзиот тест, кој се спроведува со брис, се познати по само 20 секунди анализа.

Тестот е развиен од Newsight на Assoolin, заедно со медицинскиот центар Шеба, како дел од новоформираната програма за дијагностицирање на вируси, јави „Тајмс оф Израел”.

Рачната машина СпектраЛИТ ја елиминира потребата од сложена лабораториска опрема, што би овозможило аеродромскиот персонал, со помош на оваа машина, да ги има резултатите за 20 секунди.

Системот, тестиран во 36 болници во светот, го доби одобрението од Европската директива за медицински уреди за верзија на тестот на брис, со што се овозможува да биде користен во Европската унија, посочува израелскиот весник.

Ејал Зимлихмен, лекар од медицинскиот центар Шеба, кој помогна во развивањето на оваа технологија, за „Тајмс оф Израел” посочи дека тестот е со релативно висока точност – 70 до 80 проценти и дека ќе биде многу евтин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот