ЕУ одобри 130 милиони евра за изградба на затворени центри за бегалци и мигранти на три грчки острови

Европската Комисија позитивно одговорила и одобрила финансиска помош за Грција во висина од 130 милиони евра за изградба на три затворени и контролирани центри за бегалци и мигранти на грчките острови Самос, Лерос и Кос, јави дописничката на МИА од Атина.

-Европската Комисија во дописот до Министерството „ги поздравува напорите што ги прави Министерството за миграција и азил за справување со ситуацијата со мигрантите во Грција и целосно ја препознава итната потреба за оваа финансиска поддршка”, соопштуваат од Министерството за миграција и азил и Грција.

Говорејќи за мигрантското прашање на денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, рече дека во изминатите четири месеци за 93,12 отсто биле намалени брановите бегалци и мигранти на островите.

Во периодот април-јули 2020 година пристигнале 850 лица, наспроти 12.363 истиот период лани.

На островите Хиос, Кос и Лерос, во изминатите четири месеци не било регистрирано ниту едно ново пристигнување, на Самос пристигнале само осум лица, а на Лезбос имало намалување за 85 отсто.

Паралелно, како што рече Пецас, продолжува и префрлањето на бегалци од островите во континенталниот дел на земјата и за чеири месеци биле префрлени 11.295, лица, наспроти 3.186.

-Владата, како следна цел го поставува зајакнувањето на безбедноста во центрите, во корист како на оние кои престојуваат таму, така и на локалното население, истакна Пецас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот