ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување

Европската унија денеска соопшти дека нема да испрати набљудувачка мисија за следење на парламентарните избори во Венецуела, поради недостиг на услови за фер и слободно гласање.

Владата во Каракас ја повика ЕУ да испрати набљудувачка мисија, но шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, рече дека заклучил дека „не се исполнети условите за транспарентен, инклузивен, слободен и фер изборен процес”.

Во изјавата, сепак, Борел ги поздрави наводите дека владата на претседателот Николас Мадуро и дел од опозицијата разговараат за евентуално одложување на изборите за Конгресот закажани за 6 декември.

– Тоа е чекор во вистинска насока, но недоволен за ЕУ да може да испрати набљудувачка мисија на изборите. За тоа да се направи, потребен е прецизен и позитивен одговор на минимум барања дефинирани од опозицијата, посочи Борел.

Прочитајте и...  Американците побогати од било кога благодарение на државната помош

 

Прочитај повеќе

Ни претстои викенд со поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Слободен печат

Рот со порака до Британците: Драги пријатели во Лондон, престанете со игрите, времето истекува

Слободен печат

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Слободен печат

Филипче: Нашата држава постигна значителен напредок во дијагностицирање на деменциите

Слободен печат

Ќе се олеснуваат условите за водење бизнис и отворање фирми

Слободен печат

Бектеши: Главна цел е да го подигнеме животниот стандард на нашите граѓани на ниво на европските развени земји

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Деветчлено семејство бара помош за обнова на куќата што изгоре во пожар

Слободен печат

Одложено судењето за браќањата Усеини, братот на Нефи префрлен на клиника поради покачен притисок

Слободен печат

Годишно десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајки во државава

Слободен печат

Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза

Слободен печат

Попладне пристигнува есента

Слободен печат

Касами: Двојазичност во приватниот сектор, македонскиот јазик непознат за дел од Албанците

Слободен печат