ЕУ може да воведе царини вредни 35 милијарди евра за американски стоки

Европската унија може да наметне нови увозни давачки за американски производи во вредност од 35 милијарди евра, доколку Вашингтон одлучи да го воведе царински давачки за увоз на автомобили од ЕУ.

Ова го истакна Европскиот комесар за трговија, Сесилија Малмстром пред Европскиот парламент, јавува „Ројтерс“.

– Ние нема да прифатиме ништо трговија, квоти или доброволни извозни ограничувања и ако постои царина, ќе има листа за ребалансирање – рече таа.

– Привчната верзија е во износ од 35 милијарди евра. Се надевам дека нема да треба да ја користиме – додаде Малмстром.

Американскиот претседател во мај објави дека некои увезени возила и делови за нив, претставува закана за националната безбедност на земјата.

Сепак, тој ја одложи својата одлука за шест месеци, отворајќи го прозорецот за преговори со ЕУ и Јапонија. Овој рок истекува во средината на ноември.

– Ја поздравуваме одлуката на САД да не наметнува давачки за автомобили и делови за автомобили, но, се разбира, самата идеја дека европските автомобили можат да бидат закана за националната безбедност на САД е апсурдно – вели Малстром.

Таа додаде дека трговските разговори со САД доведоа до мешани резултати.

Има напредок во овој поглед, компаниите од двете страни на релаксиран начин да го докажат тоа дека нивните производи се во согласност со регулаторните стандарди, но предлогот за отстранување на давачките на индустриските стоки недостасуваат.

– Сé уште не ги започнавме овие преговори. САД не се подготвени да започнат ако земјоделството не е вклучено, што е црвена линија за нас. Значи, во моментов  ништо не се случува – рече Малмстром.

Таа се надева дека ЕУ и САД ќе можат да најдат начин да се договорат за овој долготраен спор околу незаконската државна помош што САД и ја дава на „Боинг“, а од друга страна, ЕУ на конкурентот „Ербас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот