17.8 C
Скопје

ЕУ мобилизира дополнителни 123 милиони евра за истражување на мутациите на ковид-19

Европската Комисија најави дека итно ќе се мобилизираат дополнителни 123 милиони евра од програмата Хоризонт Европа за научно истражување на мутациите на ковид-19.

Целта на овие дополнителни фондови, покрај веќе ветени над милијарда евра за глобалната акција за ковид-19, е да се исполнат целите на инкубаторот ХЕРА, планот на ЕУ за подготвеност во областа на биоодбраната.

Еврокомесарката Марија Габриел изјави дека Комисијата продолжува да ги мобилизира потребните средства за да може ЕУ навремено да ги детектира новите мутации на вирусот и со тоа да помогне за поефикасни вакцини.

ЕК соопшти дека парите ќе се искористат за засилување на потребната инфраструктура за научниците, развој на терапии и нови вакцини кои ја поминале предклиничката фаза, како и да придонесе за науката надвор од границите на ЕУ. 

Поврзани вести

Денес се празнува Ден на Светиот Дух – понеделникот по педесетница

Ирена Трајкова

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Остави Коментар