ЕУ: Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

На пленарната седница на Европскиот Парламент утрово високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека за ЕУ Александар Лукашенко не е легитимен претседател, јави дописничката на МИА од Брисел.

-За ЕУ е јасно, сметаме дека изборите во Белорусија беа фалсификувани, и Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија, изјави Борел пред европратениците утрово.

ЕУ смета дека најдобро решение е да се повторат изборите во оваа земја под надзор на ОБСЕ.

Унијата упати недвосмислена поддршка за демонстрантите во Белорусија, како и за граѓанското општеството.

Европската Комисија мобилизира 53 милиони евра за поддршка на жртвите на насилството на белоруските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот