ЕУ: Комерцијалните летови над Иран не се безбедни

Фото: Профимедиа

Германската „Луфтханза“ и францускиот „Ер Франс“ ги откажаа летовите на неопределено време над воздушните простори на Иран и Ирак поради зголемените тензии во регионот.

Европската Агенција за безбедност на авиосообраќајот (ЕАСА) ги предупреди земјите членки да ги избегнат комерцијалните летови во воздушниот простор на Иран.

– Агенцијата за безбедност на воздухопловство ги контактираше надлежните за авиосообраќајот во земјите членки на ЕУ и како мерка за претпазливост препорача избегнување комерцијални летови над иранскиот воздушен простор – изјави портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмекер.

Брисел сепак наведува дека одлуката за суспендирање на комерцијалните летови на европските авиокомпании, првично е во рацете на националните власти на земјите членки.

Некои земји членки на ЕУ веќе имаат издадено таква препорака до своите национални авиопревозници.

Германската „Луфтханза“ и францускиот „Ер Франс“ ги откажаа летовите на неопределено време над воздушните простори на Иран и Ирак поради зголемените тензии во регионот.

ЕУ најави и вонредна седница на ЕАСА, која утре треба да ги процени ризиците и да донесе одлука за заеднички безбедносни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот