ЕУ ќе воведе царини за увоз на руско и белоруско жито

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија за да ги смири земјоделците и некои земји-членки, објави во вторникот „Фајненшл тајмс“, цитирајќи извори запознаени со планот, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.

Се очекува Европската комисија во наредните денови да воведе царина од 95 евра по тон за житариците од Русија и Белорусија, соопшти ФТ, додавајќи дека царини од 50 отсто ќе бидат воведени и за маслодајните семиња и нивните производи. Одлуката се очекува бидејќи земјоделците ширум Европската унија бараат промени во ограничувањата што им беа ставени во рамките на Зелениот план за справување со климатските промени и повторно воведување тарифи за увоз на земјоделски производи од Украина, кои беа укинати по руската инвазија во 2022 година.

Како и голем дел од Европа, Полска, исто така, беше зафатена од протести во последните недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот